| четврток, 6 декември 2018 |

15 велешани со парафин си го зголемувале половиот орган

penis digusНезадоволни од големината на машкоста 15 велешани со парафин си го зголемуваел половиот орган, а  шестмина пациенти од Македонија изминативе две години се подложиле на оперативен зафат во велешката болница на зголемување на пенисот.   Тие не биле задоволни од големината на нивните полови органи, иако  биле во рамките на европскиот просек од 9 до 14 цм, објаснува урологот д-р Горан Јовиќ, пренесува Тирековмирече. Јовиќ со над дваесетина оперативни зафати продолжувал или спасувал самоиницијативно зголемени пениси.

-Овие пациенти  искрено патеа, тоа го чувствував, поради комплекс на мал полов  орган.  Шестмина пациенти од цела Македонија за овие две години дојдоа во велешката болница да се оперираат.  Тие имаа голем проблем за нив, кој  успешно го решивме, на  нивно задоволство. Во секој случај најглавна е психичката компонента.   Кога ќе видат дека имаат поголем пенис, добиваат доверба, тие се други луѓе, млади  на кои им се менува светот на подобро   – вели урологот д-р Горан Јовиќ.

Тој додава дека незадоволните мажи не можат да очекуваат чуда, бидејќи максимално половиот орган оперативно може да се продолжи за 3-4 цм, исто толку и по обем, ништо повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top