| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Продажбата на земјиштето за хотел беше јавна и транспрентна

димовски вмро„Локацијата за која говорат од СДСМ е оттуѓена според транспарентна и законска постапка, по пат на јавно наддавање на кое може да се пријават сите заинтересирани инвеститори кои ги исполнуваат условите и имаат намера на оваа локација исклучиво да градат хотел, а не било каков друг објект“,  е реакцијата на Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на обвинувањата од СДСМ.

-Огласот за продажбата на земјиштето беше јавно објавен на 16.12.2013 година на веб-сајтот на Министерството за транспорт и врски и во повеќе весници и тој траеше до 10.01.2014 година односно цели 25 дена. Постапката по огласот беше транспарентна и траеше 25 дена и на огласот можеше да се јави секоја компанија која е заинтересирана да гради хотели- рече Димовски.

Тој истакна дека почетните цени за отуѓување на градежното земјиште, кое е во државна сопственост се утврдени со „Уредбата за начинот и постапката на отуѓување и давање под закуп на државно земјиште, сопственост на Република Македонија“  и истите почетни цени се различни во зависност од намената на земјиштето.

-Една цена е ако инвеститорот гради деловен објект, друга цена е ако гради станбени објекти индивидуални или колективни, трета цена е ако гради хотели, четврта цена е за други намени. Оваа уредба е во сила веќе четврта година и јавен документ кој е достапен на целата јавност- рече Димовски.

Тој појасни дека целата ваква поставеност и политика била со намера да се стимулираат инвестициите во туризмот и во градежништвото.

-Би потенцирал дека градежништвото е сектор кој во минатата година порасна за околу 30проценти  и претставува мотор на економијата во државата- рече Димовски.

Според него, СДСМ се обидуваат да креира скандали насекаде за да ги покрие проблемите со кои е соочена партијата.

-СДСМ е во паника заради неколку причини. Прво, заради тешките внатрепартиски проблеми, второ заради немањето на реално остварлива и прифатлива програмата, трето заради стотината скандали на нивниот лидер поврзани со тендери за роднини и со неговата имотна состојба- рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top