| четврток, 6 декември 2018 |

Лоши 30 минути за македонската селекција, Унгарците поведоа со седум гола разлика

photo

Македонија лошо го одигра првото полувреме од мечот со Унгарија. Нашата селекција успеја да даде само девет гола, за разлика од Унгарците кои лесно стигнаа до 16 гола.

Капитенот Кире Лазаров промаши три удари од седум метри, тешко одеше шутот од бековската позиција, промашени зицери и контри, лоша одбрана. Унгарците лесно обезбедуваа позиција за шут, се приближуваа до линијата од шест метри, а нивните удари беа неодбранливи за нашите голмани. Ова е најлошото издание на македонската ракометна репрезентација во досегашниот тек од Европското првенство во Данска.

Дејан Манасков постигна 3 гола, Лазаров еден од седум метри и еден од игра, Гоце Георгиевски 1 гол, по еден гол постигна Ванчо Димовски и Дејан Пецаковски,  Златко Мојсовски погоди еднаш од линијата за седум метри.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top