| четврток, 6 декември 2018 |

Капело: Реал Мадрид е фаворит за освојување на Лигата на шампиони

fabio kapelo

Селекторот на фудбалската репрезентација на Русија, Фабио Капело, верува дека неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, е фаворит за освојување на шпанското првенство, како и на Лигата на шампионите.Реал Мадрид десеттата јубилејна титула во елитата на Стариот континент ја чекаат веќе 12 години.

„Реал има одличен тим, игра напаѓачки и постигнува многу погодоци. Барселона е добра, меѓутоа задоволен сум што конкурент за насловот е и Атлетико Мадрид“, вели искусниот Капело.

Италијанскиот фудбалски стручњак го предводеше Реал во сезоните 1996/1997 и 2006/2007, освојувајќи два трофеја во Примера, а ги тренираше уште Милан, Рома, Јувентус и селекцијата на Англија.

Со националниот состав на Русија се пласираше на Светското фудбалско првенство во Бразил годинава, а ќе игра во група со Алжир, Белгија и со Јужнокорејците

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top