| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров и Ристоски: Нема поставување критериуми, репрезентацијата е на посакувано ниво

makedonija-prv-trening-12

Македонија – Унгарија, првиот меч од втората фаза на ЕП во Данска, ракометарите го започнуваат по триесетина минути. Кире Лазаров, капитенот на македонската селекција и Борко Ристовски, голманот кој е можеби најголем виновник за победата на Македонија над Австрија, велат дека повеќе не е потребно поставување посебни критериуми, како што беа 15-те одбрани за Борко односно минимумот од 12 голови за Кире, бидејќи формата кај сите во репрезентацијата веќе е на посакуваното ниво.

-Беше потребно дополнително да се мотивира Ристовски, со една ваква позитивна провокација, што тој на најдобар можен начин го покажа против Австрија кога бриљираше на голот. Имам голема доверба во Борко, но и во останатите двајца наши голмани (Ангелов и Митровски), и мислам дека ќе бидат на своето ниво на претстојните дуели“вели Лазаров за МКД.мк.

Борко пак вели дека не е важно кој играч ќе блесне, најважно е Македонија да победи.

Унгарија е незгоден ривал, кого одамна не сме го победиле, но тоа не значи дека денеска однапред ќе се предадеме – вели Ристовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top