Се пензионире Леон Панета, Американскиот секретар за одбрана и поранешниот директор на ЦИА каде ја водеше акцијата за апсење на Осама бин Ладен.
На официјалното испраќање во воената база „Мајор Хендерсон“ во Вирџинија, во близина на Пентагон, присуствуваше и американскиот претседател Барак Обама.
Панета пред функцијата секретар за одбрана, две и пол години бил директор на ЦИА и ја водеше акцијата за апсење на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Од 1977 до 1993 година, Панета, кој е адвокат по образование, бил конгресмен од редовите на Демократската партија, а следните три години бил шеф на кабинетот кај тогашниот претседател Бил Клинтон.
Тој е основач на Панета институтот за јавна политика, а предавал и на Универзитетот „Санта Клара“ во Калифорнија.
Кон средината на 60-тите години од минатиот век, поминал три години во американската војска, каде стигнал до чинот поручник. По потекло е од Италија, а неговите родители меѓу двете светски војни емигрирале од Калабрија во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА