| четврток, 6 декември 2018 |

Лекаи: Мораме да го сопреме Лазаров, но и Австријците знаеја, но…

lekai-615x400

За неполн час започнува мечот против селекцијата Унгарија, прв меч од втората фаза за нашата најдобра ракометна селекција. Статистиката вели дека речиси 10 години чекаме победа против Унгарија, па зошто тоа да не биде сега, на овој европски мундијал во Данска. Унгарците па можноста да ја совладаат Македонија ја гледаат во оневозможувањето на Кире Лазаров да создаде позиција за шут.

Мате Лекаи вели дека за триумф над Македонија треба да се сопре Кирил Лазаров.

-Играме против Македонија, и овој меч е дефинитивно клучен за нашиот можен пласман во полуфиналето. Ако победиме, тогаш се е можно. Јасно е дека ќе мораме да го сопреме Кирил Лазаров. Тој е најдобриот македонски ракометар, од него доаѓа најголемата опасност. Но, го знаеја тоа и Австријците, но не успејаа. Ние ќе дадеме се од себе – вели Мате Лекаи во изјавата што ја пренесува Екипа.

ungarija-statistika-500

Една од карактеристиките на нашиот прв противник во втората фаза сигурно е цврстата, агресицна, на моменти и груба игра. Тие се најгрубата екипа на ова првенство, барем според објавената статистика на официјалната интернет страница на првенството.

Имено, на листата на фер-плејот, Унгарија се наоѓа на последното место со дури 19 исклучувања на три одиграни натпревари, еден црвен картон и десет жолти. За разлика од нив, Македонија е на високото четврто место со 12 исклучувања, со 9 жолти картони и без ниту еден црвен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top