| четврток, 6 декември 2018 |

Прибак денеска ќе го игра првиот официјален натпревар за Македонија

pribak

Немања Прибак влегува на местото на Никола Марковски и со тоа ќе дебитира за македонската ракометна репрезентација на официјален натпревар. Тој неодамна доби македонски пасош, а во втората фаза веќе има право на настап во македонскиот дрес.

Претходно ракометарот на Вардар доби шанса на контролните мечеви со Словенија, Црна Гора и Србија. Немања Прибак има само еден официјален настап за српската репрезентација и тоа против Австралија на мундијалот во Шведска во 2011 година, на кој српската репрезентација загуби од Шведска во осминафиналето. Денес ќе го има своето огнено крштевање против Унгарија во првиот меч од втората фаза во Хернинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top