Новата мерка на Владата за професионалните војници откако ќе ја завршат својата служба до својата 45 година, тие да бидат вработени во други институции, државни служби во неколку министерства, наиде на низа позитивни коментари.
Во интервју за Курир, заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев, ја објаснува важноста на овие мерки и добробитот кој ќе го почувствуваат 3700 македонски семејства на професионалните војници.
– Треба да се направи одредена ретроспектива за статусот на професионалните војници од моментот кога Република Македонија влезе во еден процес, а тоа е професионализација на Армијата, напуштање на регрутниот систем и воведување на професионален состав на Армијата.Тие почетоци беа ограничување на максимум 3 договори по 3 години, значи максимум 9 години служба, за со некои одредени законски измени да се дефинира тогашната граница на 35 години. Тоа важеше до 2007 година кога оваа Влада донесе одлука да се зголеми старосната граница од 35 на 38 години, како резултат на барањата на професионалните војници бидејќи почнаа војниците да ги полнат тие 35 години и заминуваа од Армијата. Ги согледале негативните појави од ова законско решение и се покачи старосната граница на 38 години.Меѓутоа, тоа прво покачување не ги реши проблемите на професионалните војници, дојдовме до второто покачување во 2012 година од 38 на 45 години. И тогаш бевме свесни дека тоа не е трајно решение за професионалните војници, дека на определен рок го одложува решавањето на овој проблем, дава одредена доза на сигурност, меѓутоа сепак луѓето кога ќе наполнеа 45 години се отвораа дилеми што со нивниот егзистенцијален статус, а потоа и од аспект каде тие луѓе би се нашле во системот.Го имавме ова во предвид, цело време размислувавме, бевме во комуникација со професионалните војници и на мое задоволство и на задоволство на сите вработени во Министерството и Армијата, наидовме на разбирање од претседателот на Владата, господинот Груевски. На последната седница тој предложи заклучок да како Министерство подготвиме измени на законот за служба во Армијата и предвидиме решавање на статусот на професионалните војници преку вработување во државни институции.Оваа мерка беше со крајно воодушевување пречекана кај целиот персонал на Армијата, не само кај професионалните војници кои се директно засегнати. Покрај тоа што решава проблем на 3.700 припадници на Армијата, самата мерка ќе предизвика и други позитивни појави од аспект на полесно командување. И командирите и командантите ќе имаат една порелаксирана атмосфера за работа бидејќи имаат војници коишто секој ден не доаѓаат на работа со прашањето што со мене после 45 година. Едноставно релаксирани од тој проблем можат да се посветат на своите секојдневни задачи. Ако гледаме ретроспективно, статусот на професионалните војници еволуираше во позитивна смисла за да денеска биде решен преку ова конечно и трајно решение за нив – вели Димитриев.
Целото интервју на Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емил Димитриев: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?
-
Делев: Мерките кои ги презема Владата на „црната тројка“ Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски
-
Димитриев: Доаѓаат локални избори, силно се подготвуваме и очекуваме нашата партија и овој пат да има одличен резултат
-
Додека СДС држи празни прес-конференции, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за помош на земјоделците


