
Француските судии на мечот против Македонија направиле превид кој влијаел на резултатот – пишуваат дел од австриските медиуми. Според нив при резултат 5:4 за Македонија во 15-та минута, на Австријците не им бил признат чист гол.

По ударот на австрискиот десен бек Херман интервенираше нашиот голман Борко Ристовски, кој според Австријците влегол со топката во голот. Македонија мечот го доби со погодок во самиот финиш со 22:21, што им овозможи на нашите ракометари со два бода да минеме во следната фаза, каде денеска во 16 часот го играме првиот меч, против селекцијата на Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Најубавиот гол во финалињата од Лигата на шампионите (Видео)


