
„Моторот„ на унгарската репрезентација и најдобриот нивни разигрувач Габор Часар кажа кои се целите на Унгарија на Лајош Мочаи во оваа четвртфинална група. Со Данска во Скандинавија тешко кој може да биде фаворит, па Унгарците со еден пренесен бод од групата во Алборг се во денешниот меч со Македонија и оној во понеделник со Австрија гледаат шанса за бодови и што е можно подобар пласман.
„Мислам дека имаме добри шанси против Македонија и Австрија, додека дуелот против Данска ќе биде тешко да се победи. Но, ние ќе се бориме против сите и секој ден и ќе одиме од натпревар во натпревар„ изјави плејмејкерот на унгарската репрезентација Часар кој ја минува првата сезона во францускиот ПСЖ, за ТВ Сител.
Инаку вчера попладне скоро во ист термин ЕХФ ги испрати да тренираат и македонската и унгарската репрезентација, само што нашиот ривал го имаше првиот контакт со „Јуске Банк Боксен„ арената, а Лазаров и другарите тренираа во помалата сала која е на непосредна близина до местото на одигрување на средбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија
-
Во оваа држава, во просек, сeкoj има барем по 21 000 евра на сметка


