| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски: Традицијата на победи на Унгарија треба да се урне

borko-ristevski

Македонскиот „министер за одбрана“, Борко Ристовски има нескриен „апетит„ за уште некоја победа до крајот на турнирот. Не го плашат ниту лошите бројки на статистиката, кои велат дека со Унгарија секогаш сме имале проблеми и никогаш не сме ја елиминарале во двомеч или победиле на големите приредби:

– Задоволни сме од остварениот успех и пласманот во следната фаза, но ние не би биле спортисти кога би се задржале само на тој резултат и не би се обиделе да направиме уште некој чекор напред. Нема премногу време за опуштање, пред нас се нови предизвици во кои одново ќе го дадеме максимумот. Унгарија е противник со кој имавме проблеми во последно време, свесни сме дека традицијата е целосно во полза на противникот, но традициите постојат за да бидат урнати. Ако играме онака како што знаеме, ако го дадеме максимумот и во нападот и во одбраната, не гледам зошто не би славеле на утрешниот меч – стои во изјавата на Борко Ристовски објавена на интернет страницата на македонскиот ракометар Кире Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top