| четврток, 6 декември 2018 |

Избегната тепачка меѓу раководството на СДСМ

Вербална расправијата меѓу двајца пратеници на СДСМ во текот на партискиот состанок за малку ќе преминела во физичка пресметка доколку не реагирале останатите присутни.

На неколкучасовниот состанок на поширокиот состав на раководството на СДСМ со пратеничката група од партијата кој се одржал пред неколку дена  „се пеглале“ повеќе теми кои како недоразбирање постоеле подолг период во јадрото на партијата, пренесува „Нетпрес“ повикуваји се на нивни извори од СДСМ.

На состанокот во седиштето на партијата кој траел повеќе од 5 часа, се разговарало за стратегијата според која СДСМ како опозиција треба да делува.  Во еден момент, поради спротивставените ставови ситуацијата зоврела кога заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска водела жестока вербална полемика со Јани Макрадули. Ситуацијата колуминирала кога започнала вербална расправија помеѓу Јани Макрадули и пратеникот Марјанчо Николов, која според очевидците за малку ќе завршела со физичка пресметка која била избегната со асистенција на присутните на состанокот.

Инаку според информациите, не е прв пат да има вакви агресивни и нервозни реакции на првенците на СДСМ и според очевидците подолг период се акумилирало меѓусебнмо незадоволство, гнев и омраза помеѓу некои членови од раководството на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top