| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во Калифорнија

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун денеска прогласи вонредна состојба во сојузната американска држава Калифорнија, поради најтешката суша во последните сто години, откако се води статистика.

Сушата тешко го погодува земјоделското производство во Калифорнија, додека шумите ги голтаат пожари.

Прогласувањето вонредна состојба и овозможува на Калифорнија да добива и помош од федералните органи во борбата со сушата.

Гувернерот Браун апелираше на граѓаните на Калифорнија потрошувачката на водата да ја намалат за барем 20 отсто.

Голем пожар вчера сосема се приближи во дел на Лос Анџелес, оштетувајќи неколку куќи, поради што е организирана евакуација на локалното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top