Сопругата на српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ, Билјана вчера се породи во Нови Сад. Ова е прво дете во семејството Типсаревиќ, кое од вчера е поголемо за едно девојче.
Како што пренесуваат српските медиуми породувањето поминало во најдобар ред и мајката и детето се добри. Девојчето е тешко 3.900 грама, а долго 52 сантиметри.
Меѓу првите кои испратиле честитки преку „Твитер“ биле Ана Ивановиќ и Јелена Ристиќ, свршеницата на Новак Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.