Русија ги предупреди гостите-хомосексуалци на зимските Олимписки Игри, дека се добредојдени во Сочи, но дека во земјата е забранета геј пропагандата.
Домаќините на претстојната зимска Олимпијада, подолго време се под силен притисок на бројните организации од Европа и светот за правата на хомосексуалците кои протестираат против рускиот „анти-геј закон“.
Тие вршеа притисок врз МОК и врз своите земји да се натера Русија да го измени овој закон, или да и се одземе организацијата на Олимписките Игри. Повеќе европски државници соопштија дека нема да присуствуваат на отворањето на Игрите во Сочи, ниту дека ќе ги посетат спортските борилишта, неодобрувајќи ја политиката на официјална Москва кон човековите права и слободи во Русија.
Американскиот претседател Барак Обама претходно објави дека нема да патува во Русија за време на Олимпијадата, но во официјалната американска делегација за отворањето на Игрите, се наоѓаат и неколкумина декларирани хомосексуалци, како поранешната тениска шампионка Били Џин Кинг.
Рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Сочи со доборволците, вклучени во организацијата на Олимпијадата, ја објаснуваше позицијата на Русија кон ова прашање.
– Ние не забрануваме нетрадиционални сексуални односи, туку само пропагирање на хомосексуалноста и на педофилијата – рече Путин.
Со новоусвоениот амандаман на законот за заштита на децата, пропагирањето на хомосексуалноста меѓу млади под 18 години се казнува со 4.000 рубљи (120 долари), додека за организации казната изнесува еден милион рубли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.