| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката збесна по Кајмакоски – во Охрид ечеше „Лихнида“ (ГАЛЕРИЈА)

Преполната спортска сала „Билјанини извори“ во Охрид ја пречека Жељко Јоксимовиќ и неговиот специјален гостин Даниел Кајмакоски.

Како дел од празничната програма по повод христијанскиот празник Водици, општина Охрид го организираше концертот на балканската ѕвезда и сега ментор на македоснкиот претставник во „Икс фактор“ и миленик на публиката.

– Лесно е да се настаува кога публиката пее со вас од почеток до крај. Фала Охрид! – напиша Жељко веднаш после синоќешниот концерт.

Како и секогаш Жељко беше пречекан со силен аплауз и поддршка, но најсилните аплаузи ги доби Даниел кој за прв пат откако се претстаи во шоуто, пее пред македонска публика. Најголемиот ќеиф им го направи Даниел со песната „Лихнида кајче веслаше“.

Покрај охриѓани, во публиката специјално за концертот допатуваа и многу битолчани, скопјани, прилепчани и се разбира, стружани, кои денес ќе имаатможност да се дружат со својот сограѓанин и неговиот ментор.

– Лихнида ти благодарам за прекрасната поддршка. Им благодарам на сите што дојдоа на концерт, се надевам ви се допадна . Утре после 10 часот ќе ја имам големата чест да го прошетам мојт ментор Жељко Јоксимовиќ низ нашата убава Струга. Са гордеам што можам да му го покажам напиот убав град. Сите сте добредојдени – вели Даниел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top