| четврток, 6 декември 2018 |

Постои ли поврзаност меѓу сквернавењето на црквата во Синѓелиќ и масакрот кај Смиљковското езеро?

smiljkovsko-ezero

Графити со навредлива содржина на црквата во Сингелиќ биле испишани на два месеца пред петкратното убиство во Смиљковци, јавува телевизијата „Канал 5“.
Графитите биле навестување за велигденскиот масакр сметаат родителите на убиените момчиња, известува скопската телевизија.

– Имаме сознанија дека истите стапки во црквата во Сингелиќ што е ишкртана со графити против македонскиот народ, истите стапки се и кај Смиљковци, кај што беа убиени нашите деца – велат родителите за „Канал 5“.

Овој податок досега не бил спомнат на судењето.

И роднините на обвинетите реагираат на одолговлекување на процесот. Тие тврдат дека
никогаш не биле поврзани со радикалниот ислам.
– Од почеток случајот беше поврзан со радикален ислам со луѓе кои биле во Авганистан или во арапски земји кои се терористи но до денеска никој не излезе со доказ да рече да тој и тој бил… Овој процес е монтиран. Ние жалиме за настанот во кој трагично загинаа млади луѓе но да не го бараат кај нас. Не треба ние за тоа да платиме – рече Бедри Ајдари, брат на Фејзи Азири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top