Попладнево околу 18 часот бил пронајден мртов маж во тоалетот на скопскиот Градски трговски центар. Нема информации ниту за идентитетот на мажаот ниту пак за неговата возраст.
Како што јави Press24 повикувајќи се на полициски извори, во Брза помош било пријавено дека се уште неидентификуван маж, лежи мртов во толаетот на ГТЦ.
Екипа на Брзата помош веднаш пристигнала на местото, но можела само да констатира смрт.
Според првичните и се уште неофицијални информации, на телото на починатиот маж, немало траги на насилство. Од полицијата и официјално го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Настанот со пуштањето на автобуската постојка во ГТЦ е за рубриката верувале или не
-
Автобусот со број 50 од денеска повторно ќе застанува во ГТЦ
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Мртов маж пронајден во Тетово – Го нашле зад локална продавница