
Понеделник, 20 јануари ќе бил најдепресивниот ден во годината. Експретите тврдат дека со пошарена облека може да го подобрите расположението.
Академик Клиф Арнал во 2005 година ја пресметал формулата за таканаречниот „син понеделник“ пресметувајќи различни фактори – од времето, долгови и пропаднати новогодишни одлуки. На основа на тоа, најдепресивниот ден во годината отприлика паѓа во исто време, а тоа е третиот понеделник во јануари.
Стручните лица советуваат луѓето тој ден да облечат светли бои и шарена облека и на тој начин да влијаат на намалување на депресијата која се јавува поради лошото време, долговите и расположението по празниците, објави „Дејли мејл“.
Инаку, луѓето ретко се одлучуваат да одат на работа во шарена облека и во светли тонови, бидејќи сметаат дека делуваат помалку професионално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


