| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот е крив што е жив (цел текст)

Да би­де иро­ни­ја­та по­го­ле­ма, три од овие зем­ји се член­ки на НАТО, а две на Европ­ска­та уни­ја, ор­га­ни­за­ции чии член­ки во сво­јот нај­те­сен опис ка­ко др­жа­ва на­ве­ду­ва­ат де­ка се зем­ји во кои вла­дее пра­во­то

Што зна­чи да си Ма­ке­до­нец во суд во Гр­ци­ја, Ал­ба­ни­ја или во Бу­га­ри­ја? Суд­би­на­та на на­ши­те со­на­род­ни­ци ко­га ќе се нај­дат пред су­до­ви­те на со­сед­ни­те др­жа­ви, бу­квал­но, мо­же да се опи­ше со нас­ло­вот на овој текст. Ду­ри и за де­ла што не­ма­ат ни­ка­ква вр­ска со по­ли­ти­ка­та, Ма­ке­дон­ци­те лес­но за­вр­шу­ва­ат во за­твор кај со­се­ди­те. Единс­твен иск­лу­чок е Ср­би­ја, ба­рем за­се­га.

Да би­де иро­ни­ја­та по­го­ле­ма, три од овие зем­ји се член­ки на НАТО, а две на Европ­ска­та уни­ја, ор­га­ни­за­ции чии член­ки во сво­јот нај­те­сен опис ка­ко др­жа­ва на­ве­ду­ва­ат де­ка се зем­ји во кои вла­дее пра­во­то.

Во оваа ана­ли­за ќе ви­ди­ме, со нес­пор­ни до­ка­зи, фла­грант­но кр­ше­ње на за­ко­ни­те кај со­сед­ни­те др­жа­ви и ка­ко се­то тоа го иг­но­ри­ра­ат суд­ски­те вла­сти. Во­ед­но, ед­на спо­ред­ба со слич­на си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја јас­но по­ка­жу­ва де­ка на­ше­то судс­тво во де­ле­ње­то прав­да за по­ли­тич­ки про­це­си, но и за дру­ги, е бу­квал­но по­им за со­сед­ски­те.

Вни­ма­вај на што кли­каш „ми се до­па­ѓа“ на „Фејс­бук“

За по­че­ток да ви­ди­ме еден од нај­ек­ла­тант­ни­те при­ме­ри. Слу­ча­јот со про­це­сот на Евге­ни­ја На­ци­ли­ду мо­же да вле­зе во ана­ли­те на судс­тво­то по сво­ја­та ап­сурд­ност, во кој грч­ки­от су­ди­ја гле­дал и на што таа кли­ка­ла „ми се до­па­ѓа“ на со­ци­јал­на­та мре­жа „Фејс­бук“. Овој слу­чај е мош­не ин­те­ре­сен би­деј­ќи е нов. Вес­ни­кот „Про­то те­ма“ ја об­ви­нил прет­став­нич­ка­та на Обе­ди­не­та ма­ке­дон­ска ди­јас­по­ра де­ка со вал­ка­ни па­ри во­де­ла ире­ден­ти­стич­ка вој­на про­тив Гр­ци­ја. На­ци­ли­ду го ту­же­ла вес­ни­кот за кр­ше­ње на ан­ти­ра­си­стич­ки­от за­кон, на­вре­да и не­за­кон­ско об­ја­ву­ва­ње фо­то­гра­фи­ја. Су­дот ја при­фа­тил са­мо туж­ба­та за на­вре­да, но ко­га ад­во­ка­тот на вес­ни­кот ја на­ре­кол „агент на Скоп­је“ и из­ва­дил копија од неј­зи­ни­от про­фил на која се гле­да­ло де­ка клик­на­ла „ми се до­па­ѓа“ на стра­ни­ца­та на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, су­ди­ја­та тоа го при­фа­тил ка­ко – до­каз!

– За­мис­ле­те ка­ко се чув­ству­вав ко­га род­ни­ни­те и при­ја­те­ли­те ме гле­даа ка­ко кри­ми­на­лец – из­ја­ви На­ци­ли­ду за пор­та­лот „Те­ле­граф“.

Dosie71-2

Насловната страница од „Прототема“ на која беше клеветена Нацилиду

И на­ме­сто за она што би­ло на­ве­де­но во туж­ба­та, су­ди­ја­та му доз­во­лил на авто­рот на ста­ти­ја­та да одр­жи го­вор за грч­ки­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си, за ма­ке­дон­ски­от ја­зик и слич­но. Су­дот на кра­јот пре­су­дил де­ка не ја на­вре­дил На­цу­ли­ду иа­ко во тек­стот се спо­ме­ну­ва­ат вал­ка­ни па­ри, про­па­ган­да, аген­ту­ра на Скоп­је…

На кра­јот, акти­вис­тка­та го за­гу­би спо­рот, што овоз­мо­жу­ва во Гр­ци­ја се­кој да мо­же да ги на­вре­ду­ва Ма­ке­дон­ци­те кол­ку што са­ка.

Во слич­на си­ту­а­ци­ја беа и Ма­ке­дон­ци­те во Пу­стец и во Ма­ла Прес­па, Ал­ба­ни­ја во но­ем­ври 2012 го­ди­на. Гру­па на­сил­ни­ци од ул­тра­на­ци­о­на­ли­стич­ка­та цр­но-цр­ве­на али­јан­са, при­дру­жу­ва­ни од но­ви­на­ри и од сниматели од ре­чи­си си­те ал­бан­ски ме­ди­у­ми, вле­гоа во ма­ке­дон­ски­те се­ла и им се за­ка­ну­ваа на жи­те­ли­те де­ка мо­ра да го истак­нат ал­бан­ско­то зна­ме во сво­и­те дво­ро­ви по по­вод Де­нот на зна­ме­то. Отка­ко влег­ле во ку­ќи­те, ул­тра­на­ци­о­на­ли­сти­те влег­ле во гим­на­зи­ја­та и на час пред де­ца­та ле­пе­ле на таб­ла­та ле­пен­ки на кои пи­шу­ва­ло: „Ова е Ал­ба­ни­ја“, „Ова е ал­бан­ска зем­ја“, „Над­вор од Ал­ба­ни­ја“. Се­то тоа се слу­чу­ва на Свет­ски­от ден на то­ле­ран­ци­ја­та, 16 но­ем­ври. Цр­ве­но-цр­ни­те ул­тра­на­ци­о­на­ли­сти про­дол­жи­ле и во уште не­кол­ку се­ла на Ма­ла Прес­па.
Цел на ал­бан­ски­те не­о­фа­ши­сти би­ле и со­о­бра­ќај­ни­те зна­ци и улич­ни­те ин­фор­ма­тив­ни таб­ли, врз кои ле­пе­ле ле­пен­ки „Ова е ал­бан­ска зем­ја“. Са­мо по­ра­ди воз­др­жа­но­ста на Ма­ке­дон­ци­те од овие се­ла, би­ле из­бег­на­ти фи­зич­ки прес­ме­тки. По­ли­ци­ја­та не ре­а­ги­ра­ла иа­ко би­ла по­ви­ка­на.

Dosie71-3

Албански националисти ги уништуваат таблите на македонски јазик во Пустец

И ко­га стра­сти­те се сми­ри­ја, а Ал­ба­ни­ја се нај­де на та­пет на свет­ски­те ор­га­ни­за­ции за ши­ре­ње омра­за и те­рор врз мал­цин­ско на­се­ле­ние, су­до­ви­те про­фор­ма по­кре­наа по­стап­ка про­тив т.н. цр­ве­но-цр­на али­јан­са. Кра­тко тра­е­ше и – ка­ко што мо­же да се оче­ку­ва – беа ос­ло­бо­де­ни.

А, од дру­га­та стра­на на гра­ни­ца­та, во Ма­ке­до­ни­ја, Ал­бан­ци­те сло­бод­но си го прос­ла­ву­ваа праз­ни­кот и не беа спре­чу­ва­ни од ни­ко­го. За­мис­ле­те си­ту­а­ци­ја ко­га на 2 август по се­ла­та на­се­ле­ни со Ал­бан­ци би ше­та­ле ма­ке­дон­ски шо­ви­ни­сти, при­дру­жу­ва­ни од но­ви­на­ри и од сни­ма­те­ли, и би ги те­ра­ле да го истак­ну­ваа ма­ке­дон­ско­то зна­ме во дво­ро­ви­те или да им ви­ка­ат „Ова е ма­ке­дон­ска зем­ја, на­пу­ште­те ја“… Ва­ква си­ту­а­ци­ја е и те­о­рет­ски не­воз­мож­на за­тоа што за тол­ка­ва ни­скост не се спо­соб­ни ни­ту ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­на­ли­сти, а уште по­мал­ку ма­ке­дон­ски­те но­ви­на­ри.

Но, за­мис­ле­те ва­кво не­што да се слу­чи. Ма­ла­та Ма­ке­до­ни­ја во свет­ски рам­ки ќе би­де ста­ве­на во друш­тво на Се­вер­на Ко­ре­ја и на Иран.

Оза­ко­нет те­рор

Гр­ци­те не за­о­ста­ну­ва­ат зад ова. Не­санк­ци­о­ни­ра­ни­от те­рор врз Ма­ке­дон­ци­те та­му го спро­ве­ду­ва Злат­на зо­ра. Неј­зи­ни­те при­пад­ни­ци ова ле­то уни­шти­ја око­лу сто авто­мо­би­ли на ма­ке­дон­ски ту­ри­сти иа­ко грч­ка­та др­жа­ва пра­ви сѐ за да ги прив­ле­че во сво­и­те ту­ри­стич­ки ка­па­ци­те­ти. Не­о­фа­ши­сти­те на Злат­на зо­ра се­га се со­о­чу­ва­ат со за­твор. Нив­ни­от ли­дер е уап­сен, ама не за де­ла про­тив Ма­ке­дон­ци­те. Во де­кем­ври на каз­ни од по три ме­се­ци сус­пен­зи­ја беа осу­де­ни двај­ца грч­ки вој­ни­ци, спе­ци­јал­ци, кои иста­та го­ди­на на ед­на па­ра­да ви­каа де­ка „са­ка­ат да им ја де­рат ко­жа­та на Ма­ке­дон­ци­те и на Ал­бан­ци­те“.

Dosie71-5

Од протестот на Македонците од Егејска Македонија во Европарламентот

Пав­лос Во­ско­пу­лос и не­кол­ку чле­но­ви на „Ви­но­жи­то“ и на грч­ки­от Хел­син­шки ко­ми­тет се оби­доа да дој­дат на су­де­ње­то, но се отка­жаа од на­ме­ра­та по за­ка­ни­те од Злат­на зо­ра и не­о­без­бе­ду­ва­ње­то по­ли­ци­ска за­шти­та.

По­ли­ци­ја­та не ре­а­ги­раше и на про­мо­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­от бу­квар во 2011 го­ди­на ко­га на прес-кон­фе­рен­ци­ја беа на­пад­на­ти „Ви­но­жи­то“ и по­кој­ни­от аме­ри­кан­ски про­фе­сор и изу­чу­вач на ма­ке­дон­ски­от ја­зик, Ви­ктор Фрид­ман.

„Ви­но­жи­то“ пре­жи­веа мно­гу на­па­ди, а ос­тва­ру­ва­ше и по не­ко­ја по­бе­да. Пре­су­да­та на со­лун­ски­от суд од 2010 го­ди­на за двај­ца грч­ки но­ви­на­ри е мал про­зо­рец кон ви­стин­ска де­мо­кра­ти­ја во Гр­ци­ја.

Двај­ца грч­ки но­ви­на­ри се осу­де­ни од су­дот во Со­лун на пет ме­се­ци за­твор – три го­ди­ни ус­лов­но по­ра­ди кле­ве­та. Ди­ре­кто­рот Ди­ми­трис Кап­се­лис и но­ви­на­рот Ко­кос Те­ле­ма­хос од грч­ко­то на­ци­о­нал­но ра­дио се осу­де­ни по­ра­ди еми­си­ја на грч­ко­то др­жав­но ра­дио во 2005 го­ди­на, во ко­ја Во­ско­пу­лос е на­ре­чен „агент на Скоп­је“, „ан­ти­грч­ки пла­те­ник“ и „се­па­ра­тист“.

При­чи­на за спор­ни­от на­стап на но­ви­на­рот Кап­се­лис би­ло еми­ту­ва­ње­то на до­ку­мен­тар­ни­от филм „Па­ту­вај­ќи во Гр­ци­ја“, во кој но­ви­нар­ка­та Ма­ја Цак­ли ве­ли де­ка лу­ѓе­то што жи­ве­ат во око­ли­на на Ле­рин прет­по­чи­та­ат да го­во­рат ма­ке­дон­ски ја­зик иа­ко, исто та­ка, го­во­рат и грч­ки.

Dosie71-4

Само за покажување пред меѓународната јавност: оваа граматика никогаш не беше пуштена во употреба

Ма­ке­дон­ци­те, пак, во Бу­га­ри­ја не мо­жат на ра­ат да го чес­тву­ва­ат за­ги­ну­ва­ње­то на Ја­не Сан­дан­ски. Пар­ти­ја­та на Ма­ке­дон­ци­те, ОМО Илин­ден-Пи­рин, сѐ уште не мо­же да се ре­ги­стри­ра иа­ко ги ис­пол­ну­ва бу­гар­ски­те за­ко­ни, а не­кол­ку па­ти до­би пре­су­ди од Су­дот за чо­ве­ко­ви пра­ва во Страз­бур.

Мо­же­би зву­чи пре­те­ра­но, но ов­де јас­но се гле­да за­го­вор про­тив се­кој што е Ма­ке­до­нец или Ма­ке­до­не­цот е крив што е жив.

(Пишува: Александар Божиновски
Текст објавен во 71. број на неделникот „Република“, 10.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top