Полицијата заплени шест килограми марихуана и поднесе кривични пријава против Е.Б. (20) од Албанија и Ф.Џ. (46) од Охрид кои организирале транспорт на марихуана од Албанија преку Македонија, наменета за грчкиот пазар.
Пријавените движејќи се со такси кај село Витолишта, биле забележани и сопрени од страна на Граничната полиција. При извршена рутинска контрола и преглед на возилото, во задниот дел на багажникот, во патна торба, се пронајдени две црни полиетиленски вреќи со марихуана.
На двајцата им е определена мерка притвор во траење до 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


