Даниел Kајмакоски преку ноќ стана ѕвезда. Kолку е тоа добро за еден изведувач?
– Навистина, Даниел уште сега е ѕвезда и тоа со причина. Има сѐ што е неопходно за таа ласкава титула и одиме на победа. Секако дека популарноста стекната преку ноќ лесно може да биде и речиси еднакво штетна, но тој е силна личност и верувам дека и понатаму со двете нозе е на земја.
Што мислевте за него во почетокот, а што сега, кога секојдневно работите и вежбате?
– Ги ценам неговата посветеност и упорност, желбата за учење, а тоа кај него го забележав кога почнавме да поминуваме повеќе време заедно. Тие елементи, всушност, се најважни за успех и најважните особини кај еден уметник, секако покрај неговиот талент.
Што најмногу почитувате кај македонскиот фаворит за победа, а за што најмногу му забележувате?
– Даниел е талентиран, скромен и многу работлив. Мене ми останува да го поддржам да остане таков.
Целото интервју во „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


