Четворица осомничени за членство во терористичката организација Ал Каеда денеска беа затворени, а други четири лица се пуштени на слобода додека почне процесот против нив.
Овие лица се дел од вкупно 25 лица кои беа приведени во вторникот во големата антитерористичка операција спроведена во шест турски окрузи. Операцијата беше насочена против Ал Каеда и исламистичката фондација „Човекови права и слободи“, која е финансирана од турската Влада.
Обвинителите денеска ќе ги сослушаат останатите приведени, кои се обвинети за регрутирање и испраќање на борци во Авганистан, Пакистан и Сирија, за собирање на средства за сириските бунтовници, за достава на оружје за Ал Каеда, како и за организирање на илегални активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


