– Јас сум еден од учениците кои пред 47 години првпат влегоа во оваа училишна зграда и се радувам што и по толку години училиштето не го загубило својот сјај. Ова беа првите зборови на познатиот македонски драмски писател и дипломат Јордан Плевнеш на средбата со градоначалникот Љупчо Блажевски и директорот Горан Костовски при неговата прва посета по 47 години на Основното училиште „Гоце Делчев“.
Како седмоодделенец кој основното образование го започна и заврши во Демир Хисар, Плевнеш пред 47 години беше еден од учениците кои на полугодието од учебната 1967/1968 година, од старата училиштна зграда што денеска е дел од Психијатриската болница, се преселија во новата училиштна зграда во којашто до денес се изведува редовна настава. Му се враќаа многубројните спомени од ученичките денови поминати во ова училиште, спомените за соучениците, за наставниците, запрашуајќи се зошто толку години не му се создала прилика да го посети своето матично училиште. Во фотографиите од многубројните таблоа и фотоалбуми се обидуваше да препознае некој лик, но, како што рече „…многу години поминаа…не познавам никого…“
Непосреден повод за денешната посета на ова училиште беше отворањето на старо-новиот објект на Македонскиот народен театар и претставата „Вечна куќа“, чиј автор е Плевнеш. По тој повод, писателот на училиштето му подари уметничка слика – негов портрет, изработен од македонскиот и светски академски сликар Павле Кузмановски, долгогодишен пријател и соработник на Плевнеш, чиишто дела се изложувани во повеќе европски метрополи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на новата книга на Киро Урдин „1.500 афоризми во една точка“
-
Предавање на професорот Далмеида од Сорбона на тема „Светската пропаганда и манипулација – некогаш и сега“
-
Тешка сообраќајка синоќа на патот Битола- Демир Хисар – Еден загинат, четворица повредени
-
Серија предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона