Вечерва со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната сценска кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф. „Кармина Бурана“ е најпосетената претстава во минатата година на сцената на МОБ и со право ја нарекуваат „Кантата на XX век“.
Нашата „Кармина Бурана“ е во кореографија и либрето на Кан Арслан (Турција), диригент: Бисера Чадловска, оперски солисти се: Наде Талевска (17.01), Катерина Стојановска (18.01), Цветан Стојановски и Дејан Стоев, балетски солисти: Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова, Наташа Јосифовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски.
Настапуваат балетскиот ансамбл, хорот и оркестарот на МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.