Денеска во 19 часот во стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје, ќе биде промовиран стрип-албумот „Personal Futurism/Public Politics“. „Personal Futurism/Public Politics“ е поддржан од страна на Град Скопје, издаден е во изведба на „Продукција“ од Скопје, а уредник на албумот е Иванка Апостолова.
Стрип албумот е отпечатен на англиски јазик, воведниот текст го напиша Иванка Апостолова (антрополог и уметник), албумот е создаден во соработка со повеќе реномирани стриповски автори и визуелни уметници од Македонија, Италија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна: ЗОГРАФ, Владимир Палибрк, Соња Кучели, Нежа Зинајиќ, Мартина Лајтнер, Ивана Арманини, Филип Андроник, Дамир Штенфил, Франко Сакети, Горан Дачев, Атанас Ботев, Дуња Јанковиќ, Каја Авбершек, Џанлука Константини, Матеј Бранеа, Маја Веселиновиќ, Миле Ничевски и Тони Димитров.
Промоцијата ќе ја водат Владимир Битољану (сопственик на Бункер) и Иванка Апостолова (уредник на Personal Futurism/Public Politics) во соработка со домашните стрип автори и визуелни уметници Атанас Ботев, Миле Ничевски, Горан Дачев, Тони Димитров и публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.