Легендарниот член на „Битлси“, Пол Макартни, со ќерката Стела ја предводеше „селебрити“ елитата во арената „О2“ во Лондон што синоќа присуствуваше на мечот меѓу Атланта хоукс и Бруклин нетс.
Перо Антиќ одигра сосема солидно и за 23 минути минати на паркетот постигна 11 поени, комбинирани со 5 скока.
Покрај Макартни, првиот македонски кошаркар во НБА-лигата од најскапите позиции во преполната арена „О2“ го гледаа и Кели Брук, манекенката Кара Делевињ, боксерот Ентони Џошуа…
Салата беше исполнета до последното место, па 20 илјади гледачи присустуваа на НБА- шоуто.
Меѓу нив имаше и многу познати фудбалери, особено од Челси и од Арсенал, кои се лондонски клубови. Таму беа Еден Азар, Давид Луиз, Пер Мертесакер, Џек Вилшер, Подолски, Џеко, Бентеке, Дефо…
Бруклин победи со 127-110 во четвтриот меч од НБА што се играл во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.