
Крадец ограбил стан во Скопје и оттаму украл златен накит, евра и пиштол, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Крадецот ја искористил приликата додека станот бил прзен во период од 15-19 часот и насилно преку балконската врата влегол внатре. Откако пребарал по собите, украл разновиден златен накит, 1.000 евра и пиштол. Вкупната штета е проценета на околу 120.000 денри, а полицијата превзема мерки за пронаѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


