Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Бразилецот Нејмар, се повреди во 23. минута на повратниот натпревар од осминафиналето од Кралскиот куп против екипата на Гетафе, на која Барселона славеше со резултат 2-0.
Нејмар во еден напад незгодно го свитка зглобот на десната нога, а пет минути подоцна излезе од игра со помош на лекарите. На неговото лице можеше да се види болна гримаса.
Сѐ уште не се знае колку е сериозна повредата, во текот на денешниот ден лекарите ќе излезат со официјалните резултати од прегледите.
Ваквите повреди бараат три недели пауза од терените, а тоа, најверојатно, би значело дека Нејмар би можел да го пропушти првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампиони против Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


