Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски имаше чест да биде гостин на ТВ Барселона, клубот каде што настапува, но во Б-тимот, кој игра во Втората шпанска лига, или популарната Сегунда.
Давид ја раскажа интересната приказна на своето семејство, кое брои три фудбалери, двајца активни и еден поранешен. Давид е во Барселона и има 19 години, па го сметаат за светла иднина на клубот, а ги потсети гледачите дека брат му Доријан е член на Академијата на Реал Мадрид и дека татко му Бобан порано настапуваше во Шпанија, во Логроњес и во Овиедо.
Програма во живо со Давид траеше дваесетина минути. Приказната за фудбалското семејство Бабунски не е интересно само за македонските медиуми, туку и за останатите, особено шпанските, па неодамна во весник во Шпанија излезе цела сторија за Давид, Доријан и Бобан, а слична приказна објави и УЕФА на својот официјален веб-сајт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија


