Во Македонската опера и балет вечерва се одржа концертот под наслов „Патувања“ на Македонската филхармонија со пијаностката Ирина Наумовска.
Ирина Наумовска е родена во Скопје, каде ги завршува основното и средно музичко образование во ДМБУЦ “И. Н. Луј” во Скопје во класите на проф. Валентина Нолчева и проф. Надежда Пожарицкаја-Пејсахова. На Факултетот за музичка уметност во Белград дипломирала во 2006 година, специјализира во 2007 година во класата на проф. Јокут Михаиловиќ, а во моментов ги завршува докторските студии.

Во текот на своето школување посетувала семинари, мајсторски курсеви и соработувала со истакнатите професори и уметници: Ари Варди, Хироко Накамура, Мишел Бероф, Владимир Вијардо, Наум Штаркман, Павел Нерсесјан, Ноел Флорес, Мати Реакалио, Владмир Троп, Лори Симс, Арбо Валдма и др. Во областа на камерна музика се усовршувала кај професорите Лиза Вилсон, Жени Захариева и Михаил Цетлин.
Ирина Наумовска настапувала на концерти и натпревари во Франција, Малезија, Америка, Јапонија, Италија, Грција, Бугарија, Швајцарија, Шведска, Русија, Австрија, Португалија, Шпанија, Чешка, Германија, Мароко, Србија, БиХ, Македонија и др.
Добитник е на голем број награди на престижни меѓународни натпревари, како и повеќе први награди на државните натпревари во Република Македонија.
Ирина Наумовска настапувала на меѓународни музички фестивали во Италија, Португалија, Австрија, Германија, Јапонија, Македонија и многу други. Значајни солистички рецитали како и бројни настапи како солист имала во Шведска, Србија, Јапонија, Швајцарија, Австрија, Италија, БиХ итн.
Ирина Наумовска реализира аудио и видео записи во Јапонија, Малезија, Мароко, Македонија, Швајцарија, Австрија и Србија. Таа е добитник на високи награди и признанија во Македонија и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


