Европската комисија преку канцеларијата за регионална политика ја вклучи Република Македонија во најновиот „Балканско-Медитерански макропроект“ вреден 28 милиони евра, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Ова денеска на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески му го соопшти комесарот за регионална политика, Јоханес Хан, за време на нивната средба во Брисел. Додека Јанакиески по средбата го потенцираше одобрувањето од страна на Комисијата на проектот за патот Битола-Кременица, од службата за информирање на Хан за МИА потврдија дека најново и најважно е што Македонија нема да биде оставена на страна во однос на макро-проектите на Европската унија и оти во најновата програма за Југоисточна Европа, наместо во Јадранско-јонската стратегија, нашата земја влегува во Балканско-Медитеранската иницијатива.
– На состанокот меѓу македонскиот министер за транспорт и врски и комесарот за регионална политика, разговарано е за бројни прашања, но најважно и најконкретно беше прашањето за територијална соработка. Комесарот Хан истакна колку е многу важно за Еврокомисијата да ја задржи ПЈР Македонија во игра преку територијалан соработка во регионот. Тој потенцираше дека во програмата за земјите од Југоисточна Европа, сега поделбата е на три делови и истата ќе ја рефлектира географијата од макро-регионот. Па, така во новата транспортна програма, наречена “Балканско-Медитеранска”, покрај Македонија ќе бидат вклучени и Бугарија, Кипар, Грција и Албанија и ПЈР Македонија – истакна портпаролката на Хан, Ширин Вилер – во изјава за МИА.
Според појаснувањето од Европската комисија, ова значи дека земјата ќе продолжи да биде инволвирана во територијалната соработка со Унијата, што значи дозвола за продолжување на развојната соработката со сите соседи. Тие инфорираат дека трите делови од оваа програма: Данјуб, Јадранско-јонската и Балканско-Медитеранска се транснационална програма во рамки на веќе постоечката програма за земјите од Југоисточна Европа во што е инволвирана и Македонија.
– Кога одлучивме да ја поделиме програмата за Југоисточна Европа, имаше загриженост дека Македонија нема да биде во Јадранско-јонска и воопшто во новата програма на ЕУ за регионот. Но, ние креиравме трет дел што е наречен Балканско-медитерански, кој ја вклучува ПЈР Македонија со останатите земји и тоа е добро оти значи дека продолжува соработката со соседите. Ние знаеме дека земјата сака да влезе во Јадреанско-јонската стратегија, но ова е единственото можно во моментов и за истото е дискутирано. На комесарот Хан му беше најважно да се задржи земјата во игра – потенцираат од канцеларијата на комесарот за регионална политика задолжен за одобрување на европските фондови.
Како што е познато, далеку поголем и со поголем буџет е т.н. Јадранско-јонската стратегија, за која на 6-ти февруари во Атина ќе дискутираат земјите вклучени во неа, а каде иако се наоѓа Србија (а не излегува на Јадранско и Јонско море), по инсистирање на Грција, Македонија е изоставена.
Министерот Јанакиески, пак, во изјава за МИА по средбата потенцираше дека главна тема на дискусијата биле 14-те проекти што ги води Министерството за транспорт и врски, а припаѓаат под ИПА-компонентата.
– Главен проект во оваа компонента е делницата Демир Капија-Смоквица во рамки на Коридорот 10. Она што денеска како позитивна вест го дознавме е дека веќе е одобрена целокупната документација за почеток на избор на градежна компанија за делницата Битола-Кременица со крак кон индустриската зона Жабени. Деновиве очекуваме да го добиеме официјално тој допис и потоа почнуваме со постапка за избор на градежна компанија. Овој проект е многу значаен за Република Македонија и истиот е во вредност од 21 милион евра. А, ќе имаме и уште една алтернатива за поврзување на Македонија со Грција, но и железничко поврзување за индустриската зона во Жабени – потенцира Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот