| четврток, 6 декември 2018 |

Конрад Мареј виновен за смртта на Мајкл Џексон

Апелациониот суд на Калифорнија ја потврди пресудата на докторот на Мајкл Џексон, кој е осуден на четири години затвор поради убиство од невнимание на поп-ѕвездата во 2009 година.

Судот утврди дека во текот на судењата изнесени во суштински докази за вината на докоторот Конрад Мареј, кој пред три месеци излезе од затвор каде мина две години, отслужувајќи ја четиригодишната затворска казна.

Во пресудата на 68 страници детално се наведени докази против Мареј, кој во 2011 година е осуден на затворска казна затоа што во јуни 2009 година на Џексон му препишал смртоносна доза од анестатикот „Пропофол“, во време кога пејачот се подготвуваше за турнеата „This Is It“.

– Доказите покажуваат дека господинот Џексон бил ранлива жртва која му верувала на Мареј, а тој таа пријателска доверба ја изневерил прекршувајќи ги професионалните стандарди во голем број аспекти, се наведува во одлуката на Апелациониот суд.

Мареј беше пуштен од затвор врз основа на измените на законот во Калифорнија, со кој се предвидени олеснување за ненасилните затвореници и за добро однесување во затворите. По излегувањето од затвор, Мареј во интервју за „Мејл од Сандеј“ рече дека Џексон сам се предозирал, додавајќи дека тој паднал во прсихички и физички „амбис“ поради
повратничката турнеја.

– Не го убив Мајкл Џексон. Беше зависник од дрога. Мајкл Џексон случајно го уби Мајкл Џексон. Пред крајот на животот беше во криза и паника, рече Мареј.

Џексон беше пронајден мртов во неговиот кревет во изнајмената куќа во Лос Анџелес на 25 јуни 2009 година. При аутопсијата бепе откриено дека починал од преголема доза на „пропофол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top