Лидерот на НСДП, Тито Петковски, да му плати 650.000 денари на премиерот за нарушена чест и углед, одлучи Апелацискиот суд, со што ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 2, објави Плус Инфо.
Основниот суд оваа одлука ја донесе во јули лани, на рочиштето Груевски против Петковски. Судијата тогаш ја усвои тужбата за клевета за изјавата која ја дал Петковски за „Фокус“, а која била „со намера да наштети на честа и на угледот на премиерот“.
Груевски го тужеше Петковски за клевета за изјавата дадена за „Фокус“, во која тој тврди дека Груевски прифатил промена на уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски