| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ги започна преговорите со Гундоган

Лидерите на Барселона ги започнаа преговорите со Борусија Дортмунд за трансфер на Илкај Гундоган, тврди германскиот магазин „Билд“.

Според пишувањата на магазинот, Барселона во фудбалерот за врска од Борусија го гледа наследникот на Чави, кој наредното лето би можел да се пресели во американската МСЛ лига.

Гундоган минатата недела изјави дека неговата врата е широко отворена за преговори, но додаде дека не е сигурен дали ќе потпише нов договор со „милионерите“.

Барселона е спремна да плати 27 милиони евра за германскиот репрезентативец, кој има договор со Дортмунд до јуни 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top