| четврток, 6 декември 2018 |

Британци и Скандинавци вмешани во глобален педофилски скандал

Најмалку 17 лица се уапсени во Велика Британија, под сомнеж дека се одговорни за силување на околу 15 деца на Филипините кое било директно емитувано на интернет.

Според податоци добиени од меѓународната полициска истрага, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, за вмешаност во случајот се осомничени и лица од Шведска, Норвешка и Данска.

Извори во Одделението за спречување на детската порнографија при шведската државна криминалистичка полиција велат дека моментно во Шведска се води истрага против две осомничени лица.

– Тие се осомничени дека нарачале „веб-кам шоуа“ со силување на деца на Филипните – изјави Бјорн Селстром од шведска криминалиситчка полиција за шведската телевизија СВТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top