
Универзитетската болница во Осло, каде се откриени контроверзните абортуси
Норвешката влада, конечно, ги менува законите за абортус откако се откриени 17 здрави фетуси доволно стари за да преживеат надвор од мајчината матка. Некои од срцата на абортираните фетуси продолжиле да работат од 45 до 90 минути по прекинувањето на бременоста, пренесе норвешкиот јавен сервис. Со новиот закон ќе се забранат сите абортирања по 21 недела и 6 дена.
По истрагата по жалбата на бабиците за доцните абортуси во земјата, спротивно на законот, норвешката влада поднесе предлог- закон со кој ќе се забранат сите абортуси по определениот рок на бременост. Статистиката покажала дека од 2001 до 2009 година пет абортуси се направени на 22. или 23. недела, додека во 2012 и 2011 година дури 12 такви доцни абортуси. Бабиците го обжалиле законот во кој се препорачува ограничување на 22. недела бидејќи сметаат дека треба да се појасни заради злоупотреби. Иако абортусот во Норвешка дозволува абортус во поодмината бременост заради „социјални причини“ – се повлекува линија кога се смета дека детето може да преживее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


