Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, нема да зборува пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во февруари, пренесе МИА .
Од Комисијата за надворешни работи велат дека Метју Нимиц не е поканет да зборува за преговорите кои се водат меѓу Скопје и Атина за името, како што најави грчкиот весник „Катимерини“.
Од Комисијата на ЕП истакнуваат дека има обичај да се канат надворешни гости да го кажат нивното мислење пред европратениците за некои прашања, но за состаноците во февруари на Комисијата не е поканет посредникот на ОН во спорот со името меѓу Македонија и Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција