Норвешкиот писател Јо Несбо, автор на светски популарната серија за Хари Холи, ќе ја напише современата верзија на Шексипорвата трагедија „Магбет”. Издавачката куќа „Hogarth”, којашто е во сопственост на англискиот издавач „Random House”, го објави започнувањето на проектот наречен „Hogarth Shakespeare” со кој во 2016 година ќе ја одбележи смртта 400-годишнината од смртта на бардот на англиската книжевност.
„Магбет”, кравава трагедија со убиства и истраги, изгледа како совршена тема за Несбо. „’Магбет’ е близок до моето срце бидејќи се занимава со темите со коишто се занимавам и јас откако почнав да пишувам”, изјави Несбо, чии записи за детективот Хари Холи се продадени во 20 милиони примероци низ светот.
Несбо е последниот во серијата современи писатели коишто се избрани да ги преработат најпознатите дела на Вилијам Шекспир за читателите во XXI век. За споменатиот проект веќе претходно беа избрани славни книжевни имиња како Маргарет Етвуд, Хауард Џејкобсон, Ен Тилер и Џенет Винтерсон, коишто, меѓу другите, ќе ги напишат своите верзии на „Бура”, „Венецијанскиот трговец”, „Скротената горопадница” и „Зимски прикаски”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бурен аплауз за претставата „Сон на летната ноќ“ на Андреј Цветановски на „Битола шекспир фестивал“
-
Tеатарски спектакли на петтото издание на „Битола Шекспир фестивал“
-
„Отело“ на Турски театар и „Симбелин“ на театарот „Иван Радоев“ од Бугарија на „Битола Шекспир фестивал“
-
Вечерва се отвора јубилејното издание на „Битола Шекспир фестивал“