| четврток, 6 декември 2018 |

Модната икона Кејт Мос денеска го слави 40. роденден

kejt mos

Кејт Мос успешно чекори низ светот на модата веќе 25 години и не застанува. Таа денеска го прославува 40. родеден и многумина се прашуваат како успева да го задржи младешкиот изглед и убавина и покрај забавите и лудориите.

Соработувала со бројни светски модни куќи, култни модни фотографи, а беше и моден дизајнер за „Топшоп“ и моден уредник за британскиот „Вог“.

kejt mos

Со текот на годините Кејт е постојана инспирација на дизајнерите, фотографите и уметниците. Таа стана култна личност.

Сара Дукас ја откри Кејт Мос во 1988 година. Нејзниот став, шарм и неконвенционална убавина не можеа да не бидат забележани. Посебно по фотографиите кои ги направи Корин Деј. Овие фотографии означија почеток на новата декада и потврдија дека Кејт Мос е новата миленичка на модната индустрија. Потоа Мос уште 34 пати се појави на насловната страница на „Вог“.

Нејзината убавина, спонтаност и стил сѐ уште се тема на постојано внимание, посебно откако неодамна ја доби наградата „Бритиш фешен“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top