| четврток, 6 декември 2018 |

Како полесно до парите?

denari500

Нај­го­лем пре­диз­вик за ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја во 2014 го­ди­на се па­ри­те и ка­ко де­лов­ни­от се­ктор да дој­де по­лес­но до нив. Глав­ни­те ба­ра­ња на сто­панс­тве­ни­ци­те се ком­па­ни­и­те да има­ат при­стап до евти­ни кре­ди­ти, кои, ка­ко што нај­а­ву­ва­ат, во 2014 го­ди­на ќе ги ко­ри­стат за ин­ве­сти­ции и за на­ба­вка на но­ва опре­ма и на ма­ши­ни. Пла­ни­ра­ат но­ви ин­ве­сти­ции, но, се­пак, ба­ра­ат по­го­ле­ма под­др­шка од бан­ки­те.

Биз­нис­ме­ни­те што ги кон­сул­ти­ра­ше „Ре­пуб­ли­ка“ ве­лат де­ка се оп­ти­ми­сти за до­маш­на­та еко­но­ми­ја. Оче­ку­ва­ат ка­ко што по­ми­ну­ва кри­за­та во Евро­па та­ка да им се зго­ле­мат на­рач­ки­те, а ве­ќе раз­мис­лу­ва­ат и за за­ед­нич­ки на­стап на ком­па­ни­и­те на тре­ти па­за­ри.

Сто­пан­ски­те ко­мо­ри во но­ва­та го­ди­на вле­гоа со оп­ти­ми­зам, но и со не­кол­ку су­ге­стии и ба­ра­ња за еко­ном­ски ус­пеш­на го­ди­на. Ба­ра­ат ре­а­ли­за­ци­ја на нај­а­ве­ни­те ка­пи­тал­ни ин­ве­сти­ции, осво­ју­ва­ње ал­тер­на­тив­ни па­за­ри со за­ед­нич­ки про­из­вод и зго­ле­му­ва­ње на из­во­зот. Од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра ве­лат де­ка во 2014 го­ди­на ќе ра­бо­тат на ис­пол­ну­ва­ње на не­кол­ку нив­ни ба­ра­ња.

Ќе ра­бо­ти­ме на до­не­су­ва­ње за­кон за пот­тик­ну­ва­ње на ин­ве­сти­ци­ски­те вло­жу­ва­ња, кој е при­о­ри­тет за до­маш­но­то сто­панс­тво, со ак­цент на ед­на­ков трет­ман на до­маш­ни­те и на стран­ски­те ин­ве­сти­ции. По­тоа на до­не­су­ва­ње га­ран­тен фонд за не­до­стиг од ко­ла­те­рал кај про­из­водс­тве­ни­те и кај из­воз­ни­те ком­па­нии, а со на­ма­лу­ва­ње на до­пол­ни­тел­ни­те оп­то­ва­ру­ва­ња кај ма­ке­дон­ски­те ком­па­нии ќе по­ба­ра­ме на­ма­лу­ва­ње или уки­ну­ва­ње на одре­де­ни да­вач­ки кај па­ра­фи­скал­ни­те за­фа­ти – из­ја­ви Је­ли­са­ве­та Ге­ор­ги­е­ва, из­врш­ната ди­ре­ктор на СКМ.

Во Со­ју­зот на сто­пан­ски ко­мо­ри го­ди­на­ва оче­ку­ва­ат ди­на­ми­чен еко­ном­ски по­раст во­ден од ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции. Сме­та­ат де­ка раз­дол­жу­ва­ње­то кон сто­панс­тво­то, За­ко­нот за фи­нан­си­ска дис­цип­ли­на, евти­ни­те кре­ди­ти, ни­ска­та ре­фе­рент­на ка­мат­на стап­ка и До­го­во­рот за га­си­фи­ка­ци­ја се пет­те клуч­ни ра­бо­ти што ја од­бе­ле­жаа ми­на­та­та го­ди­на.

Си­те овие мер­ки тре­ба да да­дат ре­зул­тат во 2014 го­ди­на за да по­рас­не кре­дит­ни­от по­раст, ком­па­ни­и­те се заз­дра­ве­ни, др­жа­ва­та е раз­дол­же­на, се на­де­ва­ме де­ка ли­квид­но­ста ќе ре­зул­ти­ра и ме­ѓу са­ми­те ком­па­нии, но тре­ба да се вни­ма­ва со за­ко­нот за фи­нан­си­ска дис­цип­ли­на за да не заг­ла­ват ком­па­ни­и­те, кои сè уште не­ма­ат зе­ме­но воз­дух, но си­те пре­дус­ло­ви за 2014 го­ди­на се до­бри – из­ја­ви Зла­тко Ка­ле­ни­ков, пре­тсе­да­те­лот на ССК.

Мин­чо Јор­да­нов, пре­тсе­да­те­лот на бор­дот на ди­ре­кто­ри на „Мак­стил“, ве­ли де­ка сто­панс­тво­то ќе про­дол­жи да оди на­пред, а, за жал, кај ме­та­лур­ги­ја­та и кај че­ли­кот не оче­ку­ва де­ка ќе има не­кои по­до­бру­ва­ња.

„Мак­стил“ по­ве­ќе го­ди­ни по­ка­жу­ва за­гу­ба, ко­ја ние ја по­кри­ва­ме, а се­га ќе мо­ра да вле­зе­ме и во еден цик­лус на ин­ве­сти­ции и во еко­ло­ги­ја­та и мис­лам де­ка „Мак­стил“ уште не­кол­ку го­ди­ни ќе би­де во ед­на те­шка фи­нан­си­ска и про­из­водс­тве­на со­стој­ба. „Мак­стил“ ве­ќе по­дол­го вре­ме ра­бо­ти со ед­на тре­ти­на од сво­и­те ка­па­ци­те­ти и сè до­де­ка е та­ква си­ту­а­ци­ја­та, те­шко ќе би­де да се оче­ку­ва­ат по­зи­тив­ни ре­зул­та­ти – ве­ли Јор­да­нов.

Ко­чо Ан­ѓу­шев, пре­тсе­да­те­лот на Ма­ке­дон­ска­та енер­гет­ска асо­ци­ја­ци­ја, ве­ли де­ка ме­тал­на­та ин­ду­стри­ја, ко­ја ја ра­ко­во­ди, се ба­зи­ра на дол­го­роч­ни до­го­во­ри и во овој пер­и­од тие се нај­до­бри би­деј­ќи ко­га е те­жок па­за­рот, нај­важ­на е ста­бил­но­ста и дис­пер­зи­јата на ри­зи­кот.

Во таа смис­ла, таа ста­бил­ност најм­но­гу ја гле­дам во де­лот на со­ра­бо­тка со ком­па­нии што се здра­ви и до­бри во Евро­па, а кои има­ат за цел да го по­е­вти­нат сво­е­то про­из­водс­тво. Тие ба­ра­ат си­гур­ни ис­по­ра­ча­те­ли од овој ре­ги­он и Ма­ке­до­ни­ја е дел од таа кон­ку­рен­ци­ја. Но, да не за­бо­ра­ви­ме де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е единс­тве­на што мо­же да го по­ну­ди тоа, ту­ку мо­жат да го по­ну­дат и си­те со­сед­ни зем­ји и си­те зем­ји од по­ра­неш­ни­от исто­чен блок и ту­ка ќе би­де нат­пре­ва­рот, кој ќе би­де по­ус­пе­шен во тоа. Ту­ка гле­дам мож­ност за на­ши­те ком­па­нии, кои се из­воз­но­о­ри­ен­ти­ра­ни – ве­ли Ан­ѓу­шев.

Во прог­но­зи­те, На­род­на­та бан­ка на Ма­ке­до­ни­ја оче­ку­ва по­раст на до­маш­на­та еко­но­ми­ја од 3,7 про­цен­ти во 2014 го­ди­на. Спо­ред цен­трал­на­та бан­ка, глав­ни но­си­те­ли на еко­ном­ски­от по­раст ќе би­дат из­воз­ни­от се­ктор, ин­ве­сти­ци­и­те и до­маш­на­та по­ба­ру­вач­ка, ко­ја од го­ди­на­ва бе­ле­жи за­жи­ву­ва­ње, а до­пол­ни­те­лен сти­мул да да­де и оче­ку­ва­но­то зго­ле­му­ва­ње на кре­ди­ти­ра­ње­то.

 Гра­деж­ниш­тво­то и во 2014 го­ди­на во офан­зи­ва

gradeznistvo (Small)

Ла­ни, гра­деж­ниш­тво­то бе­ше гла­вен дви­га­тел на до­маш­на­та еко­но­ми­ја. Со по­раст од ду­ри 30,5 про­цен­ти во тре­ти­от квар­тал при­до­не­се за по­ра­стот на вкуп­ни­от БДП од 3,3 про­цен­ти. Гра­деж­ни­ци­те оче­ку­ва­ат мно­гу од ре­а­ли­за­ци­ја­та на не­кол­ку­те ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти. Спо­ред пре­тсе­да­те­лот на Ко­мо­ра­та за гра­деж­ниш­тво, Се­ад Ко­чан, до­пр­ва ќе сле­ду­ва бум во гра­деж­ни­от се­ктор.

Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе до­го­во­ри око­лу 600 ми­ли­о­ни евра од ки­не­ски­от ин­ве­сти­ци­ски план за ре­ги­о­нов, за два авто­па­ти­шта про­е­кти­те се ве­ќе под­го­тве­ни и ве­ќе в го­ди­на ќе поч­нат со ре­а­ли­за­ци­ја. Вла­да­та ус­пеа да се до­го­во­ри со Ки­не­зи­те нај­мал­ку 50 про­цен­ти од ра­бо­та­та да би­де спро­ве­де­на од ма­ке­дон­ски ком­па­нии, и тоа е од­лич­но. Да не го за­бо­ра­ви­ме и про­е­ктот „Де­мир Ка­пи­ја – Смо­кви­ца“, вре­ден 300 ми­ли­о­ни евра, што зна­чи де­ка во след­ни­ов пер­и­од ка­ко се­ктор тре­ба да се за­ра­бо­тат ед­на ми­ли­јар­да евра – по­тсе­ту­ва Ко­чан.

Џо­зеф Стиг­лиц, но­бе­ло­вец по еко­но­ми­ја

Џо­зеф Стиг­лиц, аме­ри­кан­ски но­бе­ло­вец по еко­но­ми­ја и про­фе­сор на Уни­вер­зи­те­тот „Ко­лум­би­ја“ ве­ли де­ка иа­ко све­тот го из­бег­на вто­ри­от дел од Го­ле­ма­та де­пре­си­ја, за­пад­на во Го­ле­ма сла­бост, во ко­ја при­хо­ди­те на го­лем дел од на­се­ле­ни­е­то во раз­ви­е­ни­те зем­ји ед­вај рас­тат. Уште по­ве­ќе, исто­то тоа мо­же да го оче­ку­ва­ме и во 2014 го­ди­на, сме­та тој.

Европ­ска­та ре­це­си­ја со двој­но дно е за­вр­ше­на во 2013 го­ди­на, но ни­кој не се ос­ме­лу­ва да твр­ди де­ка е поч­на­то де­фи­ни­тив­но за­креп­ну­ва­ње. По­ве­ќе од 50 про­цен­ти од мла­ди­те во Шпа­ни­ја и во Гр­ци­ја се и по­на­та­му не­вра­бо­те­ни. Ви­стин­ска­та опас­ност за Евро­па е мож­но­ста да пад­не во са­мо­за­до­волс­тво. Ка­ко што од­ми­ну­ва­ше 2013 го­ди­на, мо­же­ше да се по­чув­ству­ва де­ка се на­ма­лу­ва бр­зи­на­та на важ­ни­те ин­сти­ту­ци­о­нал­ни ре­фор­ми во евро­зо­на­та. Кон­ти­ну­и­ра­на­та стаг­на­ци­ја на Евро­па е до­вол­но ло­ша са­ма по се­бе, но и по­на­та­му по­стои зна­чи­те­лен ри­зик од уште ед­на кри­за во не­ко­ја од член­ки­те на евро­зо­на­та. Ако не во те­кот на 2014  го­ди­на, то­гаш во бли­ска ид­ни­на – ве­ли Стиг­лиц во сво­ја­та ко­лум­на во „Њу­јорк тајмс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top