| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција петмина починаа од грип

grip

Во Грција петмина починале од сезонски грип, јавија медиумите на таа земја.

Починати се две жени и тројца мажи, на возраст од 31, 54, 55, 63 и 73 години. Сите тие не биле вакцинирани против грип и страдале од различни заболувања.

На интензивните одделенија во болниците во Грција се сместени 14 сериозни случаи на заболени од грип.

Здравствените власти предупредуваат на ширење на епидемијата од грип. Меѓу регистрираните случаи е откриен и вид на грип од вирусот А (Х1Н1), што се лекува со вакцина против грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top