Музичкиот фестивал „Егзит“ кој се одржува секое лето во Нови Сад, е прогласен за најдобар европски фестивал во категоријата за најголеми европски фестивали.
„Егзит“ беше прогласен за најдобар фестивал за време на доделувањето на Европските фестиваслки награди кој се одржа во Гронинген, Холандија.
Публиката од цела Европа, заедно со жирито одлучија дека „Егзит“ е најдобар фестивал во конкуренција од 360 големи фестивали од цела Европа.
Наградата ја прими директорот на фестивалот и нагласи дека „Егзит“ е единствен во светот, бидејќи настанал како студентско движење за мир и слобода во Србија.
Ова е прв пат „Егзит“ да го освои првото место во конкуренција на големите европски фестивали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.