На сопственикот на приватната грчка телевизија „Алфа“, Димитрис Контоминас, за кого е издаден налог за апсење во врска со сомнителните кредити што поранешната банка „Хеленик постбанк“ им ги доделувала на локални бизнисмени, му е одредена кауција од пет милиони евра. Контоминас не е приведен, бидејќи минатата недела кога беше издаден налогот за апсење тој беше во болница, каде го чува силно полициско обезбедување.
На сопственикот на „Алфа“ му е забрането да ја напушти земјата. Контоминас, кој е обвинет за измама и перење пари, го отфрла обвинението. Во рамки на истрагата за сомнителни кредити се обвинети уште 29 лица, меѓу кои и поранешни менаџери на банката. Поради тоа банката наводно имала загуба од 500 милиони евра. „Хеленик постбанк“ минатата година се обедини со грчката „Евробанк“ во рамки на програмата за реструктуирање на банкарскиот сектор на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција