Дејан Манасков, свесен дека не одговорил на очекувањата на првите две средби, за спортскиот портал “Екипа“ изјави дека на решавачкиот дуел за пласман во следната фаза ќе го покаже своето вистинско лице.
“Да бидам искрен, не сум задоволен од својот настап на првите средби. Направив неколку наивни грешки, особено на дуелот против Чешка, со оној нереализиран зицер во првото полувреме и пробивањето што ми беше досудено во финишот од мечот. Знам дека можам многу подобро и ќе дадам се од себе за веќе против Австрија да одиграм онака како што знам и умеам и да имам позначаен придонес во нашата игра“ – истакна Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.