Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери на 27 јануари ќе допатува во посета на Атина каде ќе се сретне со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос, пренесе грчкиот провладин весник „Катимерини“.
Посетата на Џафери на Атина прво беше закажана за декември минатата година, но во последен момент беше одложена затоа што Аврамопулос замина на погребот на Нелсон Мандела.
Двајцата министри за одбрана последен пат се сретнаа во октомври минатата година, во Брисел, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО и не-НАТО земјите кои се контрибутори во силите ИСАФ во Авганистан. На средбата беа потврдени желбите за јакнење на билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, а соговорниците заеднички ја потврдија и вредноста на дијалогот во надминувањето на сите предизвици и јакнењето на соработката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


