Видеозаписот во кој актер ја прекинува претставата за да ја побара за жена својата колешка стана планетарен хит и никого не остави рамнодушен.
Сандор Стурбл и приреди незаборавно запросување на својата девојка Џејн Мери Саливан пред многубројната публика која беше дојдена да ја гледа претставата „Петар Пан“. Актерот ја прекина претставата, одржа краток говор и клекна да ја побара раката на својата девојка и колешка.
Пресреќната девојка одговори потврдно со што доби громогласен аплауз од публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


