Поранешниот турски министер за транспорт Бинали Јилдирим, е првиот турски политичар кој пушти на пазарот парфем со свое име.
Новиот парфем е предизборен атрибут на поранешниот министер кој е кандидат за градоначалник на Измир на претстојните локални избори што треба да се одржат во март.
Јилдирим беше претставен за кандидат лично од премиерот Реџеп Таип Ердоган. Парфемот има две варијанти – за мажи и за жени, и создаден е врз база на 22 ароматични билки.
Врз секое пакување е испишано логото на владејачката ПСР партија, како и името на Бинали Јилдирим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


