| четврток, 6 декември 2018 |

Изборниот законик е договорен, утре ќе се најде во Собранието

izbori-36Постигнат е договор меѓу политичките партии за измените и дополнувањата на Изборниот законик. Во вторникот успеаа да ги завршат разговорите за изборните правила при што беа усогласени сите разлики и беа прифатени барањата на опозицијата, како и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираше министерот за правда Блерим Беџети.

-Со самото тоа што во изборниот законик се вклучени препораките на ОБСЕ-ОДИХР, оценуваме дека станува збор за државен и институционален интерес за сите граѓани- изјави Беџети.

Измените предвидуваат одвојување на партиите од власта што подразбира функционерите да немаат право на промовирање разни проекти пред и за време на кампањата. Трошењето на буџетските пари ќе биде транспарентно, а донациите ќе бидат ограничени до 50 илјади евра. За сите прекршители на овие обврски следуваат и затворски казни од шест месеци до 5 години. Регулирано е и прашањето на рекламирањето во медиумите и рамноправната презентација на политичките субјекти за време на кампањата.

Пред следните парламентарните избори отворено останува само прашањето за дијаспората.

Од партиите се задоволство за ваквите измени кои, како што е договорено, треба да бидат донесени со консензус. Измените се веќе поминати на седница на Влада, а ќе бидат ставени на дневен ред по скратена постапка на утрешната седница на Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top